April 28, 2024, 12:27 pm

56 лица станале милијардери од почетокот на пандeмијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако новиот вирус уништи животи, заштеди и мали бизниси на огромен број Американци, финансиската година не беше лоша за секого – Волстрит регистрираше 56 нови милијардери од почетокот на пандемијата, пренесува NBC News. 

Помеѓу средината на март и 22 декември, САД примија 56 нови милијардери, вкупно 659, а нивното богатство е зголемено за повеќе од 1 трилион долари од пандемијата, според извештајот од декември, составен од Институтот за политички студии и Американците за даночна правда.

Извештајот базиран на податоците собрани од „Форбс“ покажува дека милијардерите поседуваат богатство од околу четири трилиони долари, што е приближно двојно повеќе од сè што поседуваат 165 милиони најсиромашни Американци. Десетте најбогати милијардери заедно имаат над трилион долари.

Меѓу новите милијардери има познати имиња како Џеф Безос, Илон Маск, Бил Гејтс, Кание Вест и Тајлер Пери. Сепак, тие се исклучоци, а повеќето од новите милијардери се луѓе чие богатство е поддржано од берзански бизнис. Меѓу нив е и поранешната сопруга на Џеф Безос, Скот Мекензи, чие богатство од ден на ден се зголемува благодарение на берзата.

Клучен двигател на зголемувањето на нивното богатство беше невидениот одговор на монетарната политика на стабилизацијата на финансиските пазари во раните денови на пандемијата, што поттикна раст на берзата. Кога Волстрит се најде на работ на паника во март, Федералните резерви интервенираа ветувајќи ниски стапки и одржувајќи ликвидност.

Комбинацијата на „лесни“ пари и ненадејната промена во економската активност, кои ги фаворизираа дигиталната трговија, комуникациите, образованието и бизнисот, им дадоа неочекуван ветер на грбот на технолошките компании – стартапи и големи компании, пренесува Танјуг.

Ова е зачудувачки показател за тоа како пандемијата искривува големи делови од реалната економија и ја зголемува постојаната економска нееднаквост во Соединетите Држави, која продолжува да се базира на расна и етничка основа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This