СЗО: Зa eднa нeдeлa вo Африка зa 43 oтcтo згoлeмeн бpoj cmpтни cлyчаи oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Смртните случаи поврзани со коронавирусот во Африка се зголемија за 43 проценти за само една недела, соопшти Светската здравствена организација, јави ДПА.

– Зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 е најбрзо што е регистрирано на континентот, рече регионалниот директор на СЗО, Мачидисо Моети. Недостатокот на машини за кислород и слободните места во единиците за интензивна нега се главните причини за брзиот раст, додаде таа.

Ова е јасно предупредување дека болниците на континентот го достигнале својот максимален товар, нагласи Моети.

Според СЗО, стапката на смртност од коронавирус во Африка е 2,6 проценти, додека светскиот просек е 2,2 проценти.

Најголем број на смртни случаи има во Намибија, Јужна Африка, Тунис, Уганда и Замбија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This