СЗО пpeдупредува: Државите да бидат претпазливи со ykинувањето на мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, ги повика државите да бидат крајно внимателни во ублажувањето на мерките воведени поради коронавирус за да не ги изгубат остварените придобивки.

Рајан ова го рече додека Англија, домаќин на финалето на Европскиот фудбалски шампионат, се подготвува на 19 јули да ги укине повеќето рестриктивни мерки, додека другите европски земји ги укинуваат ограничувањата за патување, а индиските држави го олеснуваат нивниот општ карантин и покрај зголемувањето на бројот на новоинфицирани со заразната делта варијанта.

Тој рече дека секоја држава мора сама да одлучи, но и дека поединците, вклучително и оние кои не биле вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себе си и другите со цел да го запрат притисокот врз болниците поради потенцијален нов бран на инфекција.

На прес-конференцијата во Женева, Рајан предупредил на многу опасна претпоставка дека сите во Европа сега се заштитени и дека светот се враќа во нормала. Пред укинувањето на мерките, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека доаѓањето на летните и училишните одмори може да помогне во поповолната епидемиолошка состојба. Рајан рече дека верува оти британските научници се свесни за заканата што ја носат новите соеви, особено варијантата делта, и дека тие се за внимателно укинување на мерките.

СЗО ги предупреди и земјите, вклучувајќи ги Соединетите држави и Швајцарија, наместо да вакцинираат деца на возраст од 12 до 15 години, да им донираат дози на вакцини на сиромашните земји преку иницијативата Ковакс. Експертот за вакцинирање на СЗО, Ен Линдстранд, предупреди дека не страдаат најмногу децата од коронавирус, туку возрасните и групите со висок ризик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This