СИ-ЕН-ЕН: Пaциeнти со Koвид-19 брзо закpeпнуваат со експерименталниот лek peмдесивир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациентите заболени од ковид-19, кои се на третман со експерименталниот лек ремдесивир, закрепнуваат брзо, а повеќето од нив си одат дома за неколку денови, извести STAT News во четвртокот на 16 април, пренесува Си-Ен-Ен.

Пациенти кои учествувале во клиничката студија имале тешки респираторни симптоми и треска, но ја напуштиле болницата по третманот со овој лек во период помалку од една недела, изјавила др. Кетлин Мјулеин (Dr. Kathleen Mullane), инфектолог специјалист од Универзитетот во Чикаго, која ја води клиничката студија.

Ово лек, произведен од Gilead Sciences, веќе е тестиран за лекување на болни од ебола, но со мал успех. Во февруари, Светската здравствена организација соопшти дека ремдесивирот покажува потенцијал против ковид-19.

Испитувањето на овој лек се спроведува во повеќе клинички центри, а Gilead го спонзорира тестирањето на лекот на 2.400 пациенти со тешки симптоми во 152 студии ширум светот. Исто така, се испитува како делува овој лек и кај 1.600 пациенти со средно тешки симоптоми во 169 болници во светот.

– Потребно е да се анализираат целосните податоци од студиите, за да се извлечат заклучоци. Сегашните податоци, колку и да се охрабрувачки, не обезбедуваат статистичка моќ потребна да се определи безбедноста и ефикасноста на профилот на ремдесивирот како терапија за ковид-19 – велат од Gilead.

Резултатите од испитувањата на лекот се очекуваат до крајот на масецов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This