„СИ ИГРАМЕ СО ГОСПОД“: Власта во Мексико со бодови ќе одлучува кој ќе живее

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Мексико издадени се официјални насоки кој во случај на полни болници, добива респиратор, а кој не.

Предност имаат медицинскиот персонал, а потоа се бодува спрема очекуван животен век.

Документ под назив “Насоки за тријажа и распределба по ресурси на оделенија за интензивна нега“ ги налитило многумина во Мексико. Уште не е јасно дали тие официјални насоки се против важечки закони.

Во документот се работи за деликатно прашање: кој пациент во случај болниците да се преоптеретени, трба да добие респиратор а кој не.

“Играме со Господ“, изјавил за радио Имаген, политички коментатор Мигел Анхел Вердуго, коментирајќи ја содржината на претставениот план со бодови. Документ на тринаесет страни составен од Совет за јавно здравје и е под надзор на претседателот.

Што е постар пациентот и што повеќе има хронични болести, тоа се поголем број бодови а со тоа и помали шансите да добие респиратор. Кај бремените се работи за спасување на два животи – тоа значи дека тие имаат шанса да добијат респиратор доколку им е потребен. Апсолутна предност имаат тешко заболени медицински лица, кои се директно вклучени во борба против пандемија.

Религија, економски статус, националност, пол, инвалидитет, политичка определеност, како и време на доаѓање во болница, како што се наведува, не играат никаква улога. Не е важно дали пациентот има здравствено осигурување или не.

Спрема официјални податоци, мексиканскиот здравствен систем располага со 6.175 респиратори и 4.291 кревет во оделение за интензивна нега. Дополнителни 3.000 кревети се планира да обезбеди приватниот сектор.

Заменик министерот за здравје Хуго Лопез Гател по критиките од јавноста и интелектуалците, пред новинарите настојувал да ја ублажи ситуацијата, одговарајќи дека насоките не се ништо ново. Тие само се прилагодување на падемија, а насоките ќе бидат применети во случај ако капацитетите достигнат крајни граници и кога пациентите не можно да се префрлат во други болници.

Спрема податоци на американскиот Универзитет “Џонс Хопкинс“, во Мексико моментално од корона вирус заразени се 6.297 лица, а меѓу заразените починале 486 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This