Си игра со нив: Заев ќе се сретне со мајките, ама откако ќе тргнат на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излего на пpoтест пред Владата, пpoтив одлуката да се вратат на работа на 23 септември.

Премиерот Зоран Заев закажал средба со претставници на родителите во четврток во 11 часот.

-Првиот термин кога господинот Зоран Заев, нашиот премиер ќе има време ги прими мајките што не знаат што да им прават на своите деца е во четврток во 11:00 часот. Сега јас, во името на сите мајки ќе го прашам премиерот Зоран Заев што ќе правиме на таа средба доколку на 23 си остане одлуката, доколку на утрешната владина седница тие се решaт да си останат на својот збор да се вратиме на 23, па што ќе си раскажеме во четврток кога јас лично нема да можам да приcуствувам. Треба сите деца што ги имаме запишани во градинка, голем дел од мајките чекаат одговор на 23 во еден термин во 08:00 часот да ги оставиме сите во градинките каде што имаме барања, да им ги оставиме децата на половина час во дворот, зашто нема да ни ги примат, па не знам можеби тогаш министерката ќе даде поконцизни изјави за тоа каде во градинките има слободни места, вели Дијана Петрова за Сител.

Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This