April 26, 2024, 11:38 pm

СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА:Љубовницата на Трамп од почетокот е покрај семејството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има само 29 години, а веќе е главно лице од доверба на Трамп.

Разводот на Меланија и Доналд Трамп неколку недели беше тема број еден во новинарските кругови, а гласите посебено ги подгреал фактот дека пред доаѓањето во Давос на Светскиот економски форум, првата дама на САД го откажала своето присуство. Причина за тоа се бројните неверства кои со години ги простувала, а најновата информација која се појавила во јавноста е дека Трамп веќе нашол замена за Меланија, и тоа во Хоуп Хикс, која дошла до позицијата директор за комуникации во Белата куќа.

Толку е блиска со Трамп, што новинарот Мајкл Волф во својата книга “Оган и бес: Во Белата куќа на Доналд Трамп”, индиректно открил дека претседателот ја изневерува својата сопруга токму со Хикс.

Веднаш го прашале дали има конкретен доказ за тоа, но Волф рекол дека нема директен, но дал интересен одговор.

“Немав сина тоалета”, рекол овој новинар, алудирајќи на аферата на поранешниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински.

“Ќе мора да читате меѓу редови и ќе сфатите. Се е таму” – додал Вoлф кој во книгата напишал многубројни разговори со вработените во Белата куќа.

Германски “Bild” е убеден дека мислел на Хоуп Хикс, младата и убава директорка за комуникации.


“Женети мажи не и се проблем, а тоа го покажа со аферата со Кори Левандовски. иако нема никакво политичко искуство, нејзината кариера тргна нагоре со неверојатна брзина. Прво работеше како советничка на Иванка Трамп, а потоа како портпарол во компанијата на Трамп. И самиот Волф во книгата потврдува дека Хоуп најдобро го чита Трамп и дека во кампањата минувала најмногу време со него”, пишува “Bild”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This