Сопственикот на „Беса транс“ е недостапен за инспекторите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини денеска информираше дека сопственикот на компанијата „Беса транс“ е недостапен за органите и инспекторите.

-Управителот не е достапен. Пробавме да извршиме вонреден инспекциски надзор, но не успеавме. Службените канцеларии на Беса Транс беа затворени, не беше никој тука и сега доставивме известување, вели Хусеини во изјава за ТВ Канал 5.

Инспекторите од Државниот инспекторат за транспорт еднаш веќе беа во просториите на компанијата „Беса транс“. веднаш по трагичната автобуска несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија. Тогаш беше извршен вонреден увид и со ленти ги запечатија вратите. Не се знае точно што земaa тогаш инспекторите од канцеларијата.

Полицијата постапува по налог на Обвинителството, кое што отвори предмет по укажувањата за можни прекршувања на законот при превоз на патници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This