Сопственици на фирми меѓу „најпогодените“ граѓани кои добија платежни картички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економистот и академик Абдулменаф Беџети вели дека платежни картички која Владата ги додели за поддршка за најпогодените граѓани од економската криза која на предизвика пандемијата со корона вирусот, ја добиле и членови на семејства на сопственици на компании.

Тој во емисијата „10 минути“ истакна дека бројката на лица кои се дел од семејства на сопственик на компанија и кои добиле платежна картичка од Владата е голем. Тој потенцираше дека сопруги или деца на сопственици на компании се вработени во тие компании со минимална плата само за да имаат здравствено и пензиско осигурување, и по тој основ тие и добиле платежна картичка која за нив е незначителна и со која ги исмеваат институциите.

– Има големи пропусти во реализацијата на субвенциите од третиот пакет економски мерки. На пример, една од субвенциите што сега се даваат се платежните картички и главен критериум на картичките е, тие што имаат примања до 14.500 денари. Но и членовите на семејстават на сопственици на компании кои се вработени, кои можеби не се на активна работа, но се вработени за да имаат пензиско и здравствено осигурување, ги земаат тие плати. Дали се членови на семејство како сопруги, деца сопственици на компании и тие имаат добиено платежни картички. Тоа е смешно, траги-комично. Значи во ниту еден случај не требаше да се дозволи, во процесот на селекција, не знам точно колку се, но знам дека се многу. И сега да се случи да земат и тие кои што на еден или на друг начин немаат потреба, не се зависни. За нив тоа не е некоја добивка, апсолутно никаква, дури се и смешни. Се зафркаваат со институциите, рече Беџети.

Тој појасни дека сето ова покажува дека планирањето од страна на Владата за третиот пакет економски мерки, не е направено врз основа на анализите.

Беџети исто така констатираше дека економските мерки на владата за поддршка на економијта, особено од третиот пакет, заглавија во реализацијата поради тоа што имаме некапацитетни и нефункционални институции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This