Спасовски тврди дека немало застој во издавањето патни документи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при посета во Берово, информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи.

На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, poради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.

Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид-пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и уставот. Веќе од понеделник повторно почнуваме со нормално функционирање – изјави Спасовски

Тој дополни дека поради најавената миграција, можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на стрпливост кај граѓаните.

Јас само апелирам на трпение кај граѓаните, ние затоа и го променивме законот, од јули сите оние на кои им истекле патните документи и исправи, тогаш ќе продолжат да важат до крајот на годината и едноставно како што е редот за секој од нас, термините како што ги добиваме, така да може да ги извадиме и документите. Значи повторувам нема застој, а застојот вечерва ќе биде заради миграција на податоци во новиот систем – дополни Министерот за внатрешни работи Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This