Фуркан Салиу за македонската тpaгедија: Додека ние се тeпaвме другите градеа држави, старите наши со една чрвена поминувале одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека ние се тепавме меѓу себе, другите градеа држави, па сега дојде време кога Бугарија ни продава лекции за демократија, ни поставува услови и не спречува да бидеме дел од едно семејство каде што ние сигурнo припаѓаме многу повеќе од нив.

А уште повеќе се нервирам, кога ми кажуваат постарите дека со една чрвена поминувале цели одмори кај нашиот источен сосед..

А дури и јас ги памтам сликите на времето, кога пред влезот на Бит-пазар на земја со канти продаваа Бугарки, тоа место дури ден денес се вика „Кај Бугарките (Te bugarkat)„.

Замислете ние да не се бавевме со меѓуетнички односи, а да се бавевме исклучиво со унапредување на демократијата.

Денеска ние сигурно ќе бевме дел од ЕУ, сигурни и заштитени од сите соседи, затоа што сите ќе ја бараа нашата поддршка за членство.

Еееејјј едно време не споредувале со Словенија… Но добро, моравме да си докажеме меѓу себе кој е појак, кој е сопственик на ова парче земја нели?

Епа драги сограѓани, денеска ние не ги плаќаме нашите историски грешки… Ја плаќаме скапо нашата тврдоглавост, нашата малодушност, нашиот идиотизам.

И што е најлошо, како ништо да не научивме од сето ова што ни се случува со години.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This