“СТАНА СТРОГ, ЗБОРУВАШЕ ЗА БОГАТИТЕ”: Стив Џобс се промени кога компанијата почна да расте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стив Џобс и Стив Вознијак изградиле технолошка империја вредна повеќе од три билиони долари. Меѓутоа, не делеле ист став за парите.

“Стив сакаше да биде важен, а воопшто немаше пари. Секогаш бараше начини да го направи следниот чекор кон богатството. Сакаше да биде таа важна личност во светот. И ова му беше голема шанса, бидејќи сега беше основач на компанија во која многу се вложува”, рекол Вознијак.

Вознијак вели дека Џобс се променил кога компанијата почнала да расте. Повеќе не се шегувал и разговарал само за работа.

“Стана некако строг. Цело време зборуваше за богатите и славните, сакаше да биде еден од нив”, вели Вознијак.

– Apple и натаму му плаќа на Вознијак
Од друга страна, Стив Вознијак бил задоволен со тоа што е инженер во HP и не бил сигурен ни дали сака да работи исклучиво за Apple.

“На сите им кажав дека знам дека доживотно ќе бидам инженер во HP, бидејќи го сакам и не сакам да ме расипат големите пари. Многу такви приказни сум прочитал, не сакав да бидам таква личност”, рекол Вознијак.

Интересен е фактот дека Вознијак и натаму е на платениот список на Apple, иако прима само 50 долари неделно. Така тој е единствената личност која заработува од компанијата од првиот ден од нејзиното настанување.

“Тоа е малку, но е чин на верност. Што би можел поважно да направам во животот? Никој нема да ме отпушти, а уште имам силни чувства кон Apple”, рекол Вознијак во новиот поткаст на Гаја Кавасаки, пренесува Cnet.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This