Столтенберг зaгрижен поради зголеменото руското вoeно присуство од Балтикот до Африка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО внимателно го следи зајакнувањето на руското воено присуство од Балтикот до Северна Африка, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека покрај зголемувањето на военото присуство во регионот, Русија ги зајакнува и своите воени можности.

„Што се однесува до руското воено присуство во Либија, воопшто во Африка – Алијансата внимателно го следи сето тоа“, рече тој во Брисел на заедничката прес-конференција со претседателот на Мавританија, Мохамед Ул Газуани.

Според Столтенберг, НАТО не го следи само зајакнувањето на Русија во Африка, туку и на „Блискиот исток, Сирија, црноморскиот регион , Крим, регионот на Балтичко Море и крајниот север“.

„Тоа е нешто што е вистинската причина за нашата загриженост. Ние внимателно го следиме военото зајакнување на Русија. Затоа, НАТО ја зголеми борбената готовност на своите сили. Од таа причина, ние доделуваме дополнителни инвестиции за нови воени можности. Тоа е причината зошто ние ја прилагодуваме Алијансата пред се поодлучната Русија, која значително инвестира во воена опрема и го зголемува своето воено присуство, вклучително и на нашите граници “, посочи тој.

Говорејќи за „военото присуство на Русија во Либија“ , Столтенберг рече дека Северноатлантскиот сојуз забележал наводно присуство на воени авиони и „платеници финансирани од Русија“.

„За НАТО, тоа значи само едно – дека е потребно да се поддржи политичкото регулирање на ситуацијата под покровителство на Обединетите нации. Го поздравуваме примирјето и ги поддржуваме напорите на ООН. Исто така, ги повикуваме сите страни да ги почитуваат постигнатите договори “, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This