Стојаноска: Собранието е диcфyнkционално, гласачка машина која носи само зakoни за задолжувања и заеми кои граѓаните ќе ги враќаат и плаќаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За се’ она што се случува во Собранието последните 10 месеци одговорноста треба да биде кај власта, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во денешното издание на “На патот кон” на Алсат М телевизија.

Според неа, не станува збор само за мноштво недонесени закони туку и за многу закони кои се донесени, а не се системски или реформски во било која област дали е тоа земјоделие, образование, здравство и така натаму.

-Во Собранието гледаме само една гласачка машинерија која на 100 дена едвај се собираше во законодавниот дом за да гласа. Затоа велам одговорноста е кај власта, а што се однесува до опозицијата ако зборуваме со пресек до денешен ден блокирани се само два закона. Така што, не можеме да кажеме дека блокирањето е причина затоа што ова Собрание е нефункционално. Не само што е нефункционално туку е и дисфункционално, нема реформи, нема процеси кои би не однеле напред на патот кон добивањето на датум за ЕУ, затоа што се донесуваа само закони кои што значеа задолжување на државата во било која област, заеми кои народот ќе ги плаќа и ќе ги враќа, а за жал ништо не е реализирано од капиталните проекти, изјави Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This