Стојкоски во посета на осум училишта: Неопходна е модерна образовна инфраструктура, еднакви можности за образование на сите ученици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со цел подобрување на условите во образовните институции, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски посети шест основни и две подрачни училишта во општината. Стојкоски разговараше со учениците, наставниот кадар, како и директорите. Од нив, доби информации околу текот на наставата во време на пандемија, како и ресурсите кои им се потребни за непречен образовен процес.

„Неопходна е модерна образовна инфраструктура, еднакви можности за образование на сите ученици. Од разговорите ги дознав потребите на учениците и кадарот во училиштата. Бидејќи образованието е еден од приоритетите во моето раководење, ќе се вложува во него, како во човечки, така и во материјални капацитети. Сепак, станува збор за најмладите, тие се најважни“, смета Стојкоски.

Тој присуствуваше и на час по физичко образование. Според него, физичката активност на децата е важна, и затоа се согласи со наставниците од основното училиште „Мирче Ацев“ дека треба да се обрнува внимание на овој сегмент од образованието.

На стартот на неговиот мандат, градоначалникот најави дека образованието ќе биде една од најзначајните сфери на чие подобрување интензивно ќе работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This