Сè штo тpeбa дa знaeтe зa пpвaтa вakцинa пpoтив Koвид-19: Нyди ли тpaјнa зaштитa? Кoj пpв ќe ce вakциниpa? Што ако виpycот мyтиpa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанииите планираат да поднесат барање за итно одобрување за употреба до крајот на ноември, а вакцината се смета за најдобар начин за борба против пандемијата, објави Би-Би-Си.

Охрабрува веста дека е развиена првата вакцина против коронавирусот, а како што тврдат производителите, таа е дури 90 проценти ефикасна.

Компаниите „Фејзер“ и „Бионтек“ објавија дека прелиминарните анализи покажале оти нивната вакцина е 90 проценти ефикасна, со коментар дека тоа е голем ден за науката и човештвото. Вакцината била тестирана на 43.500 луѓе во шест земји и досега нема никаква причина за загриженост во поглед на безбедноста.

Компанииите планираат да поднесат барање за итно одобрување за употреба до крајот на ноември, а вакцината се смета за најдобар начин за борба против пандемијата, објави Би-Би-Си.

Моментално вакцината се наоѓа во финална фаза на тестирање – во трета фаза, а ова е првата вакцина која досега даде резултати. Русите, пак, тврдат дека и нивната вакцина „Спутник 5“ исто така покажала ефикасност од 90 отсто.

– Како функционира вакцината?

Оваа вакцина има експериментален пристап – вбризгување на дел од генетскиот код на вирусот со цел да му даде сила на имуниот систем. Претходните истражувања покажале дека вакцината го тренира телото да создава антитела и т-ќелии за борба против коронавирусот. Потребни се две дози во период од три недели.

Истражувањата во САД, Германија, Бразил, Аргентина, Јужна Африка и Турција покажале дека заштитата од 90 проценти се постигнува по седум дена по вбризгувањето на втората доза.

– Кој прв ќе ја добие вакцината и за колку време?

Ова најмногу зависи од тоа колку години имате, бидејќи возраста е најголем фактор на ризик за заразување со коронавирусот. Засега не е направена глобална стратегија кој би можел да биде прв вакциниран. Едни велат дека први треба да бидат вакцинирани здравствените работници, а потоа старите луѓе кои се во ризична категорија.

Во Велика Британија, на пример, предност имаат луѓето во старечките домови, а по нив се здравствените работници. Луѓето под 50 години се на дното на листата.

Ако вакцината биде одобрена, „Фејзер“ верува дека до крајот на оваа година би можеле да се испорачаат 50 милиони дози, а до крајот на 2021 година околу 1,3 милијарди дози.

– Нуди трајна заштита?

Засега е невозможно да се одговори на тоа прашање. Ако имунитетот не се засилува, можеби ќе биде потребно да се прима вакцина секоја година, на ист начин како и против грип. Податоците не покажале дали заштитата од ковид-19 е иста во сите старосни групи. Меѓутоа, некои истражувања сугерирале на тоа дека младите и старите би можеле да создадат имунитет.

– Може ли да предизвика здравствени последици?

Ништо во медицината не е 100 проценти сигурно – дури и нешто што го внесуваме без размислување, како што е парацетамолот, претставува ризик. Денешните податоци охрабруваат – истражувањето врз 43.500 луѓе не открило никакви проблеми, иако биле забележани благи несакани ефекти.

– Што ако вирусот мутира?

Вирусите мутираат постојано, но прашање е дали ќе мутираат на начин кој го менува нивното однесување. Засега нема знаци дека такво нешто се случува, но можно е вирусот во иднина да се промени, па вакцината да стане помалку ефикасна. Ако се случи такво нешто, можеби ќе биде потребно да се развие нова вакцина. И ова не е необично.

– Колку луѓе треба да се вакцинираат?

Тешко е да се каже, но се смета дека 60-70 отсто од светската популација мора да биде имуна на вирусот со цел да се спречи неговото ширење. Или со други зборови, потребно е да се вакцинираат милијарда луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This