April 30, 2024, 10:29 pm

ТИКВЕШКО НЕГДЕ, В НЕКОЕ СЕЛО…: Милчин го праша Заев дали ќе треба да го заборавиме или смениме текстот на песната која ги опејува фашистичките злосторства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на канцеларијата на фондацијата „Отворено општество“ на Сорос во Скопје, Владимир Милчин, на Фејсбук жестоко удри по политиките на премиерот Зоран Заев и Владата, со кои се предвидува од спомениците и историските учебници да се исфрли терминот „бугарски фашистички окупатор“.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„И песната која почнува со „Тиквешко негде, в некое село…“ ќе ја заборавиме? Чии униформи носеле убијците? На кој јазик биле изговарани командите? Кој ќе потпише тотална амнезија? Кој ќе прости без да слушне извинување?“, напиша Милчин на Фејсбук.

 

[/kopa_block_quote]

Ваквата реакција на Милчин доаѓа по изјавата на премиерот за бугарската телевизија БТВ дека ставот на македонската историографија дека во Втората светска војна овде имало „бугарски фашистички окупатор“ е шовинистички кон Бугарија и токму затоа треба да се сменат учебниците.

Песната која ја цитира Милчин е напишана од славниот македонски поет Славко Јаневски, и е посветена на дванаесетте младинци од кавадаречкото село Ваташа, кои на 16 јуни 1943 биле стрелани од страна на бугарската војска, под изговор дека им помагале на партизаните.

Во нивна чест, Славко Јаневски ја пишува песната „Цветови“, која Милчин ја цитира во својата полемика за намерата од историјата да се избришат злосторствата на бугарскиот окупатор во овој период.

Освен што со години беше прв човек на Соросовата фондација „Отворено општество“, која директно финансиски ги поддржа протестите на Шарената револуција и на СДСМ, Миличин беше и еден од иницијаторите и водачите на таканаречената Шарена револуција. Неговата реакција за менувањето на историјата доби поддршка од повеќе активисти на Шарената револуција, новинари, професори, истакнати општественици.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This