ХАРИ КОСТОВ НЕМА ИНТЕРЕС ВО „ФЕНИ“: Немам доволно пари да го купам „Фени“, а сам ќе се пријавам во полиција ако некој од моето семејство има интерес во комбинатот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов, не е заинтересиран да стане сопственик на металуршкиот комбинат „Фени“ од Кавадарци. Неговата банка е еден од тројцата кредитори на фабриката, па на прашањето дали е можно тој од кредитор, кому фабриката му должи, да стане нејзин сопственик, Костов одговори дека тоа му е прескапо – пренесува „Макфакс“

„Немам пари да го купам ‘Фени’. Фабриката има долг од 60 милиони евра, од кои 40 кон банките, 20 кон други доверители и уште 5,5 милиони евра кон УЈП. Јас немам толку пари, а ако некој покаже дека до девето колено некој од моето семејство има интерес во ‘Фени’, јас сам ќе се пријавам во полиција“, рече директорот Костов.

Негов интерес, како што вели, е што побргу да се најде инвеститор за „Фени“, кој ќе го отплаќа долгот кон банките, ќе го сервисира долгот кон другите доверители и ќе обезбеди материјали за работа на фабриката.

 

(Макфакс)

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This