April 30, 2024, 10:34 pm

ТРАМП СЕ ЗAKAHИ: Ќе го направам најмоќното нуклeapно opyжје во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во случај ако со Русија не се потпише никаков договор за контрола на вооружувањето, САД ќе го создадат најмоќното нуклеарно оружје во светот“, изјави Доналд Трамп.

Претходно, Трамп изјави дека Вашингтон поседува супербрзи ракети за спротивставување на Русија, пренесува Sputnik.

„Во моментов, Русија и Кина истовремено сакаат да преговараат со нас, за да го запреме безумното трошење на милијарди и милијарди долари на нуклеарно оружје. Меѓутоа, додека не постигнеме договор, единствено што можам да направам е да го создадам најмоќното нуклеарно оружје во светот“, истакна Трамп.

Според неговите зборови, на Американците им се неопходни супребрзи ракети бидејќи Москва веќе поседува такво вооружување. Тој истакна дека руската страна би можела да ги добие информациите за соодветната технологија од претходното американско раководство.

Договорот за неширење на нуклеарното вооружување истекува на 5 февруари 2021 година. Иако сè уште нема конкретен договор за тоа кога би можеле да почнат преговорите, советникот на САД за национална безбедност, Роберт О’ Брајан најави дека тоа Вашингтон ќе го стори тоа што поскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This