Трамп ја иcкpитикyвa советничката за кoрoнaвиpyc во Белата куќа и побара да се отворат училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше советничката за корона вирус во Белата куќа, Дебра Биркс, затоа што таа на националната телевизија изјави дека новото зголемување на бројот на заразени е екстремно распространето во руралните делови на земјата и градовите.

Во повеќето делови на земјата ситуацијата е многу добра. Отворете ги училиштата – напиша Трамп на Твитер.

Ден претходно, д-р Дебра Биркс, координатор на работната група за коронавирус во Белата куќа, за „Си-ен-ен“ изјави дека САД се наоѓаат во нова фаза.

Она што го гледаме денес е различно од ситуацијата во март или април. Сите што живеат во руралните области треба да знаат: не сте имуни или заштитени од овој вирус – изјави Биркс.
Таа рече дека патувала во 14 земји во последните три недели и дека е загрижена за некои работи што ги видела.

Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом, која ја контролираат демократите, за телевизијата „Еј-би-си“ изјави дека не верува во претходните процени на Биркс, направени пред неколку недели, дека вирусот се повлекува во САД пред новиот скок на бројот на случаи во средината на јуни.

Мислам дека претседателот шири дезинформации за вирусот и таа е именувана од него, така што немам доверба – изјави Пелоси во програмата „This Week“.
На таквата изјава следуваше одговорто на Трамп.

Лудата Ненси Пелоси кажа страшни работи за д-р Дебра Биркс, таа ја критикуваше затоа што е премногу позитивна во однос на многу добра работа што ја работиме во борбата против кинескиот вирус, вклучувајќи ги и вакцините и лековите. За да и одговори на Ненси, Дебра ја проголта мамката и нè критикуваше. Патетично – напиша Трамп на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This