Три дена по отворањето на градинките: Kopoнавиopусот се појави во три градинки во Македонија, во и3oлација вработени и деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена по отворањето на градинките, има три заразени.

Има 3 случаи на вработени заразени со коронавирус. Се работи за вработена во градинката „Мајски цвет“ – Битола, а вториот случај е во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе

„Од стана на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Вчера имаше нови 140 случаи на Ковид -19 во земјава.
Пандемијата во Македонија не стивнува.

Во соседна Србија почна учебната година, а се појавија и првите случаи на заразени ученици со коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This