Фаучи гo yклyчи aлapмoт: Јaнyapи ќe бидe cтpaшeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот експерт Ентони Фаучи, предупреди на зголемување на бројот на нови случаи на КОВИД-19 по Божиќните празници. Минатата недела во САД од КОВИД-19 животот го загубија 15.000 луѓе, што е најсмртоносна недела од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека допрва се очекува најлошото. Тие го вклучија алармот дека бројот на жртвите во наредните недели или месеци ќе се зголеми бидејќи луѓето ќе се сретнат со своите семејства за време на празничната сезона, и покрај предупредувањата од здравствените власти.

„Мислам дека јануари ќе биде страшен, бидејќи на болните за нова година ќе им се придружат болните од  Божиќ. Никој не сака да ја затвори држаата за празниците на крајот од годината, но ние сме во многу критични моменти.

Сепак, не можеме да го избегнеме фактот дека ќе биде многу тешко за сите нас“, додаде американскиот експерт за заразни болести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This