April 28, 2024, 11:43 am

Фаучи: Пaндeмиjaтa ќe бидe cтaвeнa пoд кoнтpoлa нa пoчeтoкoт oд 2022 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи изјави дека Ковид-19 во САД би можел да биде ставен под контрола на почетокот од следната година, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, кои се колебаат да се вакцинираат или немале можност, се надевам дека ќе воспоставиме контрола следната пролет, изјави Фаучи.

Еден ден откако Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек, Фаучи наведе дека со тоа е создадена можност за имунизација на што поголем број луѓе.

Тој изрази надеж дека ФДА ќе одобри вакцинација и на децата против Ковид-19.

„Мислам дека постои разумна шанса вакцините на Фајзер или на Модерна да добијат одобрение од ФДА за помладите деца пред престојната сезона на празници“ посочи Фаучи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This