„Фајзер“ почнува со тестирање на вакцината кај деца помали од 12 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Фајзер“ денес објави дека ќе започне со тестирање на вакцината кај поголема група деца помали од 12 години, откако ќе одлучат колку помала доза ќе им се дава на децата во споредба со постарите.

Студијата ќе вклучува 4500 деца во повеќе од 90 клинички институции во САД, Финска, Полска и Шпанија, наведе американската компанија, објави „Ројтерс“.

Врз основа на безбедноста, толеранцијата и имунолошкиот одговор при тестирање на 144 деца во првата фаза на студијата за втората доза, „Фајзер“ соопшти дека ќе тестира 10 микрограми од дозата кај деца од пет до 11 години и три микрограми за возрасна група од шест месеци до три години.

Вакцината на „Фајзер“ е одобрена за употреба кај деца постари од 12 години во Европа, САД и Канада и тие добиваат иста доза како и возрасните – 30 микрограми.

Вакцинацијата на деца и млади се смета за клучен чекор кон стекнување колективен имунитет и ставање крај на пандемијата на ковид-19.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This