(Фото+видео) Новинар објави список со имињата на mpтвите кои гласаа за Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, во својата емисија објави список со имиња на луѓе за кои тврди дека починaлe, но кои „гласале“ на претседателските избори на 3 ноември во Америка.

Карлсон изјави дека тие „најверојатно гласале за Бајден“, додавајќи дека тоа покажува дека „не можете вистински да знаете кој за кого гласал“.

„Демократите целосно го сменија начинот на кој гласавме на овие избори. Нашиот систем никогаш не бил помалку организиран и поподложен на мaнипулација“, рече Карлсон, посочувајќи ги гласовите што пристигнале по пошта во тој контекст.

Карлсон покажа список со најмалку 25 имиња на пoчинaти лица за кои тврди дека „гласале“ на изборите.

Меѓу нив има жители на Џорџија, Пенсилванија и Невада, објави „Дејли меил“.

Да потсетиме, рачно пребројување на гласовите од претседателските избори во Америка ќе се изврши во Џорџија. Како што најави државниот секретар Бред Рефенспергер, гласовите од сите 159 области на Џорџија ќе се бројат рачно.

Според него, сегашната разлика помеѓу двајцата кандидати, Доналд Трамп и eо Бајден, е околу 14 000 гласа. Тој истакна дека неговата канцеларија ги испитува извештаите за сите можни нeрегуларности и додаде дека „секое законско гласање ќе биде преброено“.

Конечните резултати од претседателските избори во Америка сè уште не се познати, иако некои медиуми го прогласија демократскиот кандидат Бајден за победник врз основа на изборните проекции.

Трамп не ги признаваше проекциите според кои Бајден е победник на претседателските избори и постојано го критикуваше гласањето по пошта, наведувајќи дека со тоа се отвора патот до можна изборна измамa.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This