Haд 40.000 лицa пoчинaa oд Koвид-19 вo Шпанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанија во вторникот го регистрира рекордниот број смртни случаи во еден ден – 400.

Шпанското Министерството за здравство излезе со податокот дека земјата вчера ја надмина бројката од 40.000 умрени лица како последица на заболување со ковид-19.

Со оглед на фактот дека Шпанија вчера имаше 349 нови смртни случаи бројот на умрени до синоќа достигна над 40.000 и сега таа е меѓу земјите со најголем број жртви од ковид-19.

Во Франција, оваа бројка од 40.000 мртви беше надмината минатата недела, а во Велика Британија вчера беше соопштено дека бројот на жртвите надмина 50.000.

Шпанија во вторникот го регистрира рекордниот број смртни случаи во еден ден – 400.

И покрај застрашувачките податоци, шпанските власти проценуваат дека епидемијата „во последните две недели полека се стабилизира“ на 525 заразени на 100.000 жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This