(Фото+Видео) Eвaкyaциja вo Индија: Haд 200.000 лyѓe ce eвaкyиpaни пopaди нajcилнoтo нeвpeмe вo пocлeднитe двe дeцeнии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разорната бура Тауктаи, која ги погоди областите на западниот брег на индискиот потконтинент, започна да слабее денес, објави надлежната метеоролошка служба.

Десетици илјади луѓе беа евакуирани, а бурата искорна дрвја и уништи села и градови во државата Гуџарат, пишува Танјуг.

Ова беше најсилното невреме во последните две децении, проследено со налети на ветер до 210 километри на час, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 200.000 луѓе беа евакуирани, а според официјалните извештаи, невремето однесе најмалку 16 животи и остави уништување зад себе.

Индиската морнарица потврди дека успеала да спаси 146 лица од два товарни брода во водите во близина на Мумбаи, како и дека потрагата по море со авиони и хеликоптери продолжува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This