(Фото) Детали за пожарот на Водно: Пожapникарите на терен, локацијата делумно пристапна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот кој избувна на Водно наскоро ќе биде целосно изгаснет, вели во телефонска изјава за Курир командирот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.

На терен интервенираат со три против пожарни возила и активно работат на целосно гаснење на пожарот и да не се дозволи негово проширување.

Локациски, пожарот е под местото „Марково крувче“, односно како што објасни Симоновски во долот под новиот пат за Сончев Град, Сопиште. Симоновски во изјавата за Курир, вели дека теренот е делумно пристапен со возило, а потоа продолжуваат пешки.

М-р Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи во изјава за Курир истакна дека според последните информации со кои располага ЦУК, пожарот е локализиран и се работи на негово догаснување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This