April 27, 2024, 11:25 pm

(Фото) Д-р Стојанов за настанот со сметот: Што лошо си направил ти тато, па ни оставија вреќа со ѓубре дома, ме праша ќерка ми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тато, што толку лошо си направил ти, што пред врата ни оставија вреќа со ѓубре – ме праша мојата помала ќерка, откако завчера пред семејната куќа од страна на СДСМ ми беше оставена вреќа со смет. Дека зад ова дело од кое сум згрозен стојат моите политички противници, тие самите објавија, дури и се пофалија на социјалните мрежи, дека сметот е оставен од ЛК СДММ Неготино – за ,,Фокус” вели д-р Горан Стојанов, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Имено, фотографии со вреќата со смет пред неговиот дом објави претседателот на Советот, Диме Витанов, појаснувајќи дека додека Стојанов кажува дека ќе се залага за екологија, не престанува да го загадува градот.

-Ѓубрето кајшто му е местото, пред домот на Горан Стојанов. Браво дечки, браво ЛК СДММ Неготино – објави Витанов.

Стојанов пак, вели дека е разочарувачко нивото на политичка некултура во тек на кампањата. Појаснува дека се надевал на коректен однос, а со настанот со сметот се достигнало дното.

-Не верував дека ќе треба да коментирам, но и дека ќе сведочам на вакви ниски политики, ако воопшто може да се наречат политики. Не би ни коментирал, граѓаните сами нека проценат. Лошо е тоа што и семејството ми е на удар поради ваквите црни кампањи. Сепак, јас сум лекар, интернист, размислувам и функционирам на еден поинаков начин, имам поинаков пристап кон било која тема, и ова не е начин, јас црните кампањи не ги применувам – вели д-р Стојанов.

Инаку, низ целиот град периодов насекаде можат да се најдат рекламните летоци од сите политички партии, кои се расфрлани на улици и во влезови на згради.

И во 2016 година, пред избори, имаше слична случка во градот, кога пред одржување на митинг на СДСМ, младите од партијата имале акција и наполниле неколку вреќи со летоци, за кои тврдеа дека биле со навредлива содржина за премиерот, односно тогаш лидер на партијата, Зоран Заев. Тогаш, вреќите со ѓубре тие ги истурија пред просториите на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, а од партијата за ,,Фокус” изјавија дека го исчистиле ѓубрето на ВМРО-вци, со надеж дека во иднина нема да расфрлаат хартиени летоци по улиците.

Извор: fokus.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This