(Фото) Херој на денот: Му го спаси животот на својот соиграч – тие се како браќа и надвор од терените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натпреварот на Данска на Европското првенство 2020 против Финска беше запрен, откако поранешниот играч за врска на Тотенхем Хотспур, Кристијан Ериксен, колабираше на тернот.

Ериксен, кој сега игра за Интер, беше реанимиран на теренот од медицинскиот персонал, а неговите соиграчи и навивачи беа во солзи.

Тој беше евакуиран надвор од теренот на носилки и медицинскиот персонал ќе продолжи да го лекува. Тој беш свесен кога беш изнесен од теренот, а од УЕФА информираат дека е буден во болницата и е во стабилна состојба.

Ериксен се сруши на теренот, додека се изведуваше аут. Прв кој дотрча беше неговиот соиграч Симон Кјаер кој се чини единтвен остана присебен и е херој на денот. Тој ја покажа својата големина со неговата врна реакција кога Кристијан Ериксен колабираше спречувајќи го Ериксен да го голтне својот јазик и да се задучи, а потоа ги смируваше и членовите на неговото семјество меѓу кои и сопругата.

Освен на терените кога играат за репрезентација тие се како браќа и во приватниот живот. Кристијан Ериксен откри дека побарал помош од Кјаер кој игра за градскиот ривал на Интер, Милан, додека се навикнувал на животот во Италија.

Ериксен даде продолжено интервју за данскиот радиодифузер ТВ2 Спорт откри како Кјаер кој игра од Серија А му помогнаа да се прилагоди на новото опкружување откако се приклучи на Интер од Тотенхем.

„Кјаер е некој со кого играв многу години (во данската репрезентација) и многу добро го познавам надвор од теренот.“ Дури и нашите семејства се забавуваат заедно, па тој многу ми помогна да се навикнам на Серија А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This