(Фото) Ќе добие ли kpивична Филипче: Пред Борис Трајковски како пред диско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту дистанца, ниту почитувањет на мерките против Ковид 19 пред ванкциналниот пункт во спортската сала Борис Трајковски, ова се гледа на фотографијата објавена на социјалните мрежи, а претходно истото го забележа и камерата на Инфомакс при анкета пред пунктот.

Се поставува прашањето дали како организатор на како што вели „масовната вакцинација“, министерството за здравство и Венко Филипче ќе одговараат за прекршување на мерките за заштита од коронавирус и загрозување на здравјето на граѓаните.

Да не заборавиме дека полицијата поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, како организатор на протестите во неделата. Од полицијата велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот.

– СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести – соопшти полицијата.

Во текот на вчерашниот ден пред амбулантата „Јане Сандански“ во Скопје, граѓани со часови чекаа на ред за да бидат вакцинирани, во моментот кога пристигна нашата екипа, десетици граѓани чекаа за да бидат вакцинирани.

Според она што го велат граѓаните пред камерата на „Инфомакс“, гужвата настала проди доцнење на вакцините од складиштата, и затоа со часови се чека за вакцинација.

Поголемиот дел од граѓаните кои што чекаат пред вакциналниот пункт во „Јане Сандански“ се во години, дел од нив немаат доволно сила да чекаат, имаат нарушено здравје па решија да си заминат.

Граѓаните стравуваат дека во оваа гужва и турканица можат да се заразат со Ковид-19, бидејќи како што велат, не се почитуваат мерките за дистанца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This