Хаџи Мишев: Одговорни и потписници за парите во ТЕ-ТО се премиерот и извршната власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Димитар Хаџи Мишев, директор на Топлификација во стечај зборувајќи дека незаконски е фирма како ТЕ-ТО да добие субвенција, а учествува на организирани пазари на електрична енергија, вели дека таквата незаконска одлука почнува од премиерот и извршната власт, па се до комисијата за заштита на конкуренција.

-Согласно позициите кои ги имаат во извршната власт, одредени функционери при доделувањето на таа помош може да бидат одговорни, прв кој од кого почнува доделувањето на таа помош е комисијата за заштита на конкуренција. Таму била сериозна дебата, но финално комисијата најверојатно донела позитивна одлука бидејќи и владата има таква одлука. Следната институција која е во функција на собирање на даночните приходи и управата за финансиска полиција, над таа функција е министерката за финансии а над таа функција е премиерот. Тие се тие кои можат да учествуваат, мислам дека како потписник е премиерот, потенцира Хаџи Мишев.

Хаџи Мишев вели дека тој случај е пријавен и во Антикорупциска комисија, но и во МВР каде што е доставена целата документација и според неговите информации се работи и се очекува и двете институции да излезат со првични детали.

-Ние тој случај уште пред месец ипол дена го пријавивме во Државната комисија за спречување на корупција, таму истрагата се води темелно, сите документи се прибрани и очекувам од таму да се интервенира. Веднаш после тоа целата документација уште во почетокот на декември ја доставивме и до организиран криминал во МВР, имам информации дека и таму работат, бидејќи навистина по ниеден основ не можно да се даде таква помош ниту има цел. Очекуваме од тие две институции да излезат со ставови, истакна Хаџи Мишев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This