ХАЏИ МИШЕВ: Фирмата ТЕ-ТО која е обвинeтa за лaжeн cтeчај од власта добива незakонски субвенција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дневникот на Алфа телевизија гостуваше Димитар Хаџи Мишев, директор на топлификација во стечај при што посочи дека незаконски е фирма како ТЕ-ТО да добие субвенција, а учествува на организирани пазари на електрична енергија.

-Во овој момент е најактуелна државната помош доделена на ТЕ-ТО во текот на октомври месец 2019 година. Таа државна помош е навистина чудна бидејќи се доделува на фирма која е пазарно ориентирана значи на фирма која учествува на пазарот на електрична енергија, учествува на пазарот за топлинска енергија. Со тоа што електрична енергија продава и во државата и надвор од државата, појасни Хаџи Мишев.

Хаџи Мишев додаде дека невообичаено е, дури и не се практикува и е забрането на фирми кои учествуваат на организирани пазари на електрична енергија државата да им дава субвенции. Така да од тој аспект апсолутно е нејасно како и зошто Комисијата за заштита на конкуренција одобрила таква помош.

-Таа е првата институција која треба тоа да го одобри, нагласи Хаџи Мишев.

Хаџи Мишев посочи дека државната помош се дава три месеци или 4 максимум од моментот кога Управата за финансиска полиција подигнува огромна кривична пријава против ТЕ-ТО, во која за лажниот стечај и се обвинуваат одговорните лица и самата фирма, во самото обвинување опфатен е и стечајниот судија.

-И се оштетени фирми регистрирани во Република Македонија со износ над 40 милиони евра. А, од тој список е и „Топлификација“ со над 33 милиони евра. Значи вие да доделите државна помош на фирма која три месеци пред тоа е обвинета со кривични пријави од институција за таа цел Управа за финансиска полиција е навистина многу повеќе од чудно, истакна Хаџи Мишев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This