April 27, 2024, 11:23 am

Хуавеи со прва фабрика надвор од Кина – во Франција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ќе изгради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред се поврзана со технологијата 5G, прва нејзина ваква фабрика надвор од Кина, објави компанијата во четвртокот.

Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица. Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот европски пазар, велат од компанијата.

Според Хуавеи, фабриката во Брумат, мало гратче на околу десетина километри северно од Стразбур каде веќе постои голема технолошка зона, треба да произведува опрема во вредност од милијарда евра годишно.

Со оваа фабрика сместена на европска раскрсница, Huawei ќе го збогати веќе силното присуство на континентот каде што веќе има 23 центри за истражување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, повеќе од 3.100 добавувачи и успешен ланец на снабдување“, изјави кинеската компанија.

Претседателот на регионалниот совет на Гранд Ест, Жан Ротнер, рече дека изградбата на првиот ваков производствен погон на Хуавеи надвор од Кина во Брумат е одлична вест што „зборува за економската динамика на регионот“.

Тоа е стратешки избор што доаѓа во тежок контекст за кинеската група, поради трговската војна меѓу САД и Кина, пишува агенцијата Франс прес.

Администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп смета дека Хуавеи претставува закана за шпионажа на сметка на кинеската влада.

Соединетите држави повикаа голем број земји, особено европските, да не ја користат инфраструктурата на Huawei за да постават нова 5G мрежа.

Франција експлицитно не го отфрли ова, но Велика Британија и Шведска се двете европски земји кои официјално го исклучија Huawei од учество во мобилната мрежа од третата генерација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This