ЦУЦЛОВСКИ: Граѓаните веќе научија дека кога политичарите велат „да“ мислат “не“ и обратно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Веќе одамна не постои причина тоа што ќе го изјави некој македонски политичар, накнадно да се демантира, да се објаснува или дообјаснува, бидејќи граѓаните одамнаа научија изјавите да ги објаснуваат обратно/спротивно од кажанато. Ако кажале „Да“, значи мислеле „Не“; ако мислеле „Не“, кажале „Да.“

Ова го потврдува вчерашната изјава на Заев, поврзана со преименувањето на училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“, пишува на Фејсбук, професорот Љубомир Цуцуловски.

„Нека не се трудат ниту тие, ниту нивните дворски егзегети/толкувачи да објаснуваат што изјавувачот сакал да изјави. Така ќе се заштеди на време, на медиумски простор и на вишокот вработени егзегети/толкувачи, како непотребен буџетски баласт. Башка, според бугарските историчари/политичари, тие биле Бугари. Тогаш, што ќе ни се? И, зарем за нив ќе ги нарушуваме добрите односи со соседната држава? П.С. Кој рече дека ништо не е случајно? Срам да му е!“ напиша тој на својот Фејсбук профил.

ВЕЌЕ ОДАМНА… Веќе одамна не постои причина тоа што ќе го изјави некој македонски политичар, накнадно да се демантира,…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Wednesday, March 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This