PEЗИЛ: „Главна ѕвезда“во документарецот на телевизијата блиска до Вице Заев е снимателот кој за 27-ми април беше награден со вработување од Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струмичката телевизија „Вис“ почна да ги објавува епизодите од документарниот серијал „27-ми април во прво лице“.

Оваа телевизија важи за блиска до братот на екс-премиерот Зоран Заев, Вице Заев, па со овој скап проект има за цел да го насочи вниманието на јавноста повторно кон случувањата во Собранието, цели 3 години по настаните, пишува Курир.

Ова го прават со единствена цел – обид за замајување на јавноста чие внимание сега е завртено кон актуелните судски случаи како „Рекет“, како и криминалите на луѓе од врвот на власта, кои секојдневно излегуваат на виделина.

Главна “ѕвезда“ во првата епизода е снимателот Дамјан Чунихин. Во тоа време, тој беше вработен како снимател во телевизијата „24 Вести“.

Објави снимки од случувањата во Собранието, претставувајќи ги СДСМ како жртви, а народот како насилници. За тие снимки, Чунихин беше “награден“ со вработување, ни помалку ни повеќе, туку како професионален и официјален снимател во Владата на Зоран Заев.

За да си ја оправда платата која ја зема од џебот на граѓаните, Чунихин прифатил и улога во “драматичниот“ документарец, каде во улога на вознемирена жртва раскажува со што се соочил тој ден.

Првата епизода од „27-ми април во прво лице“, докажа дека целта на документарецот не е ништо друго освен сервирање на манипулација со цел пренасочување на интересот на јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This