Цeл Балкан пoчнa дa ce вakциниpa, Македонија уштe ги чeкa вakцинитe: Албанија пoчнyвa co вakцинaциja пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама.

– Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19, напиша Рама на својот фејсбук-профил.

Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати.

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек.

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.

Пред неколку дена тој го посети стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This