Kpвaвa дpaмa вo Чикаго: У6ил тpи лицa и paнил нeкoлкyминa, пa гo ликвидиpaлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца се убиени, а неколкумина ранети во пукотници во Чикаго. Напаѓач е 32-годишен маж кого полицијата го ликвидирала.

Засега не се познати мотивите за убиствата, а информациите од САД се дека прва жртва бил 30-годишен студент на Универзитетот во Чикаго. Бил застрелан во глава додека седел во својот автомобил.

Вооружениот напаѓач потоа пукал кон обезбедувањето на локална зграда и кон 77-годишна жена. Човекот од обезбедувањето починал, а жената се бори за живот.

Напаѓачот тука не застанал. Продолжил кон друга зграда, па влегол во продавница и убил 20-годишно момче, а притоа тешко повредил 81-годишна жена.

Откако излегол од продавницата, испукал кон автомобил и притоа ранил 15-годишно девојче, кое било со мајка си. Девојчето е хоспитализирано.

Осомничениот за нападот се вратил на местото каде ги започнал злосторствата. Таму пукал кон полицајците кои дошле во меѓувреме, но не повредил никој од нив. 

По долга потера по напаѓачот, тој бил смртно застрелан на излегување од локален ресторан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This