Чекајќи ги најавените вакцини, според дневните извештаи Македонија ја прележува короната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според известување од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени на КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерствто за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало четири приеми. Во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти и девет на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во КОВИД-центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 10 пациенти со симтоми на корона вирус.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 72 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти, а на ГАК две пациентки.

Вкупно 258 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Министерството наведува дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This