Приватното средно училиште „Арс студио“ бара да го изнајми новото основното училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во скопската Општина Цента, дознава порталот Сакам да кажам.
Такво прашање било поднесено лани, по што директорката ги запознала членовите на училишниот одбор.
Минатиот месец, за идејата средношколци од приватно училиште да учат заедно со основци во новото училиште биле известени и родителите кои остро реагирале и побарале иницијативата веднаш да се отфрли.
„Педесет години чекавме да се изгради школо во Капиштец, таман го добивме и сме горди што е најмодерно во државата, сега сакаат да го изнајмат на приватна гимназија. Неприфатливо е ваквото барање…’ велат родителите, пренесе СДК.