Четири нови случаи на коронавирус во МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четворица припадници на Министерството за внатрешни работи вчера се новорегистрирани случаи со коронавирус, потврдуваат оттаму за „А1он“.

Станува збор за еден вработен во Одделот за обезбедување на објекти и личности, двајца во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ и еден во Регионалниот центар за гранични работи Север. Засега, нема информација дали новозаразените се заразиле на работното место.

Вработени во министерството за внатрешни работи има и во државните карантини, откако се вратиле од земјите со висок или среден ризик од коронавирус. Станува збор за четири лица, но непознато е од каде се враќале и дали биле испратени од МВР или патувале приватно.

Со последните случаи, бројот на заболени лица од коронавирус во МВР се искачува на 39 активни случаи. Поради контакт со заболено лице, 170 вработени во министерството добиле решенија за изолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This