Македонија е црна точка на Балканот и пошироко кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, додека во цела Европа бројката на заразени постојано опаѓа во Македонија таа расте па логично се поставува прашањето дали ќе имаме странски набљудувачи на изборите? На оваа тема поразговаравме со претеседателот на Државната изборна комсиија, Оливер Деркоски.
-Oд она што го слушнав во текот на вчерашниот ден од една најава на нивни портпарол многу јасно кажа портпаролката на ОБСЕ дека чекаат датум за избори. Со тоа пренесе една порака до сите учесници во овој процес дека мора да се закаже дтаум за избори. Датумот за избори го определува и закажува претседателот на Собранието со негов акт. Без тоа целиот процес е импровизација. Мора да сфатат сите учесници во овој процес дека мора да го легитимираме процесот и да се одвива согласно законските прописи, вели Деркоски.