Чудо: Hajcтapaтa личнocт вo Европа гo пpeживea Koвид-19 caмo нeкoлкy дeнa пpeд cвojoт 117-ти poдeндeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француска калуѓерка која е најстара личност во Европа се излекувала од Ковид-19 само неколку дена пред својот 117-ти роденден. Лусил Рандон, која во 1944 година го зела името сестра Андре, имала позитивен тест за коронавирус на 16 јануари, но не развила симптоми.

Рандон им кажала на локалните медиуми дека не ни забележала дека има коронавирус. Таа била во изолација од останатите штитеници на старечкиот дом во Тулон и сега веќе е целосно заздравена.

Сестра Андре, која е слепа и во количка, вели дека едвај го чека својот роденден в четврток, што овојпат ќе го прослави со помала група луѓе од обично.

„Таа имаше среќа. Таа не нѐ прашуваше за своето здравје, туку за своите навики. Ја интересираше дали ќе се сменат термините за јадење и спиење. Не покажа никаков страв од болеста, туку повеќе беше загрижена за останатите жители на домот“, изјави Давид Тавела, портпарол на старечкиот дом.

Рандон е родена на 11 февруари 1904 година и е втор најстар човек на светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This