Koнте не знае да губи – Среден пpcт кон Ањели, па доби порака „зamoлкни шупakу“ (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонио Конте не успеа со Интер да стигне до пресврт во Торино против Јувентус и да обезбеди пласман во финалето од Купот на Италија.

Јуве пред седум дена славеше на „Џузепе Меаца“ со 1-2, па синоќа без поголеми проблеми одбрани конечни 0-0 за пласман во финалето.

А, дека Конте не знае да поднесе пораз покажа со потегот на крајот од дуелот. При заминувањето во соблекувалната Конте покажа среден прст кон раководството на „Старата дама“. Камерите снимија дека „поздравот“ беше упатен кон првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.


Ниту шефот на Јувентус не остана должен кон поранешниот соработник во клубот, па набрзо му порача:

„Одје.и и замолкни веќе еднаш шупаку“.

Конте и Ањели беа исклучително добри пријатели. Заедно го почнаа проектот за враќање на Јувентус на врвот во италијанскиот фудбал, соработувајќи од 2011 до 2014 година. Тогаш Конте освои три шампионски титули со Јуве, но по овој последен потег јасно е дека вратата на тимот од Торинот долго ќе биде затворена за него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This