Шахпаска: Зaштитaтa на дeцaта од нacилcтвo е процес кој е комплексен и обединува повеќе ресорни министерства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика денеска одржа состанок со Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување кое е составено од претставници на релевaнтни институции, граѓански и меѓународни организации.

-Заштита на децата од насилство е приоритет и значајна заложба на нашето општество бидејќи сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, кои потенцијално го загрозуваат или го нарушуваат физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на личноста на детето, претставуваат повреда на основните права на детето содржани во Конвенцијата за правата на детето, нагласила министерката на состанокот.

Од МТСП појаснуваат дека Националното координативно тело со поддршка на УНИЦЕФ го спроведе процесот за идентификување и собирање на податоци за деца жртви на насилство, злоупотреба и занемарување. За таа цел креирани се посебни индикатори за прибирање на податоците за пријавени деца жртви на насилство во сите сектори: образование, здравство, социјала и полиција. Со помош на тие индикатори, нагласуваат, се изготви и Стратегија за работа по која ќе се планираат и следните чекори. На состанокот бил усвоен протоколот за постапување на мултисекторските тимови за заштита на деца жртви на насилство и се разговараше за следните активности, односно ревизија на Акцискиот план и дигитализирање на внесот на податоци за децата жртви на насилство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This