Штo ce cлyчyвa?: Уштe eднa кoмпaниja oбjaви дeкa гo пpeкинyвa клиничкoтo тecтиpaњe на тepaпиja пpoтив кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот производител на лекови „Ели Лили и компанија“ објави дека ги запре клиничките испитувања на терапијата против Kовид-19, спонзорирана од владата.

Според агенциите, причината е прашањето за нејзината безбедност.

Елија Лили и Компани не коментираат за последиците од прекинувањето на клиничките испитувања.

Компанијата објави претходно овој месец дека ќе аплицира за итна дозвола за употреба на терапија со антитела, лекот LY-CoV555, за пациенти со средна до умерена сериозна состојба со Kовид-19, врз основа на податоците собрани во друго клиничко испитување.

„Ели Лили и Компани“ е производител на лекови против Koвид-19 кои содржат антитела, слични на оние што ги зема американскиот претседател Доналд Трамп.

На видеото што минатата недела го објави на социјалните мрежи, тој ја претстави терапијата со антитела произведена од „Ели Лили и Компани“, заедно со терапијата на компанијата „Регенерон“, како лек за Koвид-19.

Објавата на „Ели Лили и компанија“ дојде еден ден откако компанијата „Џонсон и Џонсон“ објави дека е принудена привремено да го прекине тестирањето на својата експериментална вакцина против вирусот корона, откако на еден доброволец му се слошило.

Компанијата соопшти дека сè уште не знае дали лицето примило соодветна вакцина или плацебо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This