Штo ce cлyчyвa co вakцинитe нa „Moдepнa“: Cycпeндиpaни yштe милиoн дoзи, пoчинaлe двe лицa oткaкo ce вakциниpaлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемите кои се појавија поврзани со вакцината „Модерна“ во Јапонија дополнително се продлабочија, бидејќи уште 1 милион на вакцини се суспендирани, откако во неколку серии беа пронајдени непознати супстанци, а две лица починаа по примање на вакцината.

Црна супстанца беше пронајдена во шишенце од вакцината „Модерна“ во Гунма, изјави официјалниот претставник од тој јапонски предел, додека во Окинава, црна супстанца беше пронајдена во шприц и шише, пренесува Ројтерс.

Во исто време, розева материја е пронајдена во друг шприц.

Последната суспензија на оваа вакцина следеше по извештајот на јапонската Влада дека во саботата, две лица починале по примање на „Модерна“, која припаѓала на серијата која подоцна беше прекината.

-По мое мислење, малку е веројатно дека контаминацијата со непознатите супстанци доведе директно до ненадејната смрт – рече Такахиро Киношита, доктор и потпретседател на информативната група за вакцини „Cov-Navi“.

Тој сепак наведува дека дефинитивно се потребни дополнителни истражувања за да се процени штетноста на одредени дози.

Јапонија претходно исклучи од користење 1,63 милиони дози од вакцината „Модерна“, што значи дека со најновата суспензија на вакцини, бројката се искачи на повеќе од 2,6 милиони дози.

Прекинувањето на вакцините, доаѓа во време кога Јапонија се бори со заразната сорта делта, каде дневно бројот на заразени е повеќе од 25.000.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This