Шeфицaтa нa Инфekтивнa yдpи пo гpaѓaнитe: “Co вaшитe тeopии ќe ce лeчитe caми”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата за Одделот за инфективни болести, д-р Патриција Каламарас, со подолг статус на “Фејсбук” го искажа нејзиното големо разочарување од однесувањето на граѓаните и непочитувањето на превентивните мерки.
Ви го пренесуваме во целост:

Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашите теории на заговор, 5Г политички прекупувања ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица е дека ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бевме над вас?

Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?

Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас?

Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас?

Дали сте свесни дека здравствениот персонал е на работ на силите?

Ќе се лечите сами?

А лекови?

Заштитна опрема?

Медицински персонал?

Почна да се разболува персоналот.

А зошто?

Затоа што вирусот не постои?

Едно големо благодарам од името на целиот медицински персонал за вашата почит кон нас. Ете со вашите теории за заговор унијте го целиот персонал, па со вашите теории за заговор ќе се лечите сами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This