ЃОРЃЕ ИВАНОВ НЕ СЕ РАКУВАШЕ СО ШЕЌЕРИНСКА И ТАЛАТ: Врховниот командант најави дека веќе нема да толерира искористување на АРМ поради нечии грешки и немање капацитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија на која покрај Радмила Шеќеринска се обрати и претседателот Ѓорѓе Иванов, врховниот командант одбил да се ракува со министерката за одбрана, но и со нелегитимниот претседател на собранието Талат Џафери

Фото: Фокус.мк

Како што изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, во текот на изминатиот период Радмила Шеќеринска вршела самоволие во Министерството за Одбрана и АРМ, ангажирајќи ја војската за справување со кризни ситуации, а во врска со пожарите, и тоа без согласност од врховниот командант.

-Тоа е сериозна повреда на законот што нема да ја толерирам. АРМ троши свои ресурси за туѓи задачи кои се во надлежност на други институции. Мора да се затвори кругот на одговорност за тоа кој е надлежен за што, кога и како, рече претседателот Иванов.

Во недостиг на ресурси и време, се почесто се случува Армијата без одлука на Врховниот командат и без исполнети услови за прогласување на кризна состојба да се ангажира за задачи кои се во надлежност на други институции. Повторувам, Армијата се ангажира без моја одлука и без исполнети услови за прогласување на кризна состојба, рече претседателот Иванов во своето обраќање по повод Денот на Армијата на Република Македонија и 25-годишнината од формирањето на АРМ – додаде Иванов.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This