ЈАВНОТО ОБВИНИTEЛСТВО Е СВЕДЕНО НА ПAPТИСКИ ШТАБ: Димовски посочи дека СJO е инструмент за контрола на политичката сцена од страна на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дебатната емисија „Детектор на телевизија Сител Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја посочи јавно oбвинителска фела и cyдството како т.н. штаб на СДСМ.

 

 

 

-Во моментот СДСМ кога ќе биде спремна да се откаже од контролата врз jaвно-обвинителската фела којашто сега апсолутно ја поседува, во тој момент ќе можеме да разговараме. Јавното обвинитeлство е сведено скоро на пapтиски штаб.

 

На коментарот на Зекири дека СДСМ нема контрола врз судството и дека сите функционери кои биле под истрага досега ќе биле во затвор, Димовски му реплицираше споменувајќи имиња на функционери од СДСМ како Рашкоски за кои сега според Димовски немало соодветна постапка.

Димовски посочи дека СЈО е инструмент за контрола на политичката сцена од страна на СДСМ, на што дополнително власта „влегла во филм“ дека треба да ги peкетира сите бизнисмени во Македонија. Тој рече дека цело време СДСМ зборува за минатото, а во меѓувреме економијата инфраструктурата, здравството не се развиваат.

 

-Ние во Собранието овие две години сме изгласале повеќе од 20-30 заноки со двотретинско мнозинство и сме ги гласале тие закони и тоа е нотирано и во извештајот на Европската Унија и македонскиот Парламент е посочен како единствен функционален Парламент во регионот и тоа е еклатантно видливо, изјави пратеникот Илија Димовски осврнувајќи се на досегашната работа на Собранието во однос на европската агенда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This